Пилето на дување, наречено „Чикен Дон“ е дело на американскиот активист, Таран Синг Брар, кој сака да упати порака за неефикасното владеење на Трамп.

Пилето, кое поради специфичната фризура неодоливо потсетува на американскиот претседател е високо 10 метри, има намрштено лице, златна коса и клун.

За неговото поставување на тревникот на стотина метри од домот на Трамп, американскиот активист добил дозвола од службите за национални паркови, како и од тајните американски служби.

Датум на објава: петок, 11 август 2017 во 10:03
Гоце Герасимовски
Обновено во: 13:17

коментари

остави коментар