Јапонија, покрај Јужна Кореја, е земјата што би можело прва да се најде на удар на Пјонгјанг.

Јапонските компании, кои се занимаваат со изработка на засолништа во случај на војна, објавија дека вовеле листа за чекање, а се зголемила и продажбата на прочистувачи на воздух во случај да дојде до војна со хемиско оружје.

Дека во Јапонија владее страв докажува и фактот дека и американските фирми кои изработуваат засолништа се затрупани со побарувачка од Јапонците.

Во исто време, јапонската влада на телевизиски канал емитува спот со кој се советуваат луѓето како да се однесуваат во случај на напад.

Датум на објава: петок, 11 август 2017 во 09:36
Гоце Герасимовски

коментари

остави коментар