Тој во 1981 година  , бил осуден на доживотен затвор за убиство на таксист, што се случило во 1979 година

Двајца сведоци пред судот во Сафок потврдиле дека го виделе Клеј во возилото . Тој многу пати се жалел на пресудата , но безуспешно .

Конечно адвокатот заедно со директорот  на комитетот за утврдување невиност докажале дека сведоците го идентификувале Клеј дури откако биле подвргнати на хипноза.

Затоа било одобрено ново судење , а сведочењата против Клеј биле отфрлени .

Пресреќниот Клеј , веднаш по излегувањето од судот во Сафок , каде беше потврдено дека е слободен рече : - ,, Знаете ли дека не сум јадел шницла со сирење од 1978– мата ? “ .

Датум на објава: четврток, 10 август 2017 во 19:37
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар