Интервјуто на либералот тим Вилсон  за Скај Њуз траеше точно 22 секунди, во кои тој изговори 66 збора.

Вилсон во интервјуто требаше да зборува за легализацијата на хомосексуалните бракови, а и самиот неодамна признал дека е хомосексуалец.

„Реков се што имав да кажам и немам намера да ги објаснувам ставовите. Би сакал да зборувам за други прашања што се важни за Австралија“, рече Вилсон, по што новинарот веднаш му се заблагодари и го исклучи од програмата.


Датум на објава: четврток, 10 август 2017 во 15:21
Гоце Герасимовски

коментари

остави коментар