Имено, Јункер потрошил 25.000 евра на приватен авионски лет на својата деветочлена делегација во Рим, открија активистите кои ги следат трошоците на европските институции.

Употребата на “воздушното такси“ е еден од трошоците во вкупниот износ од 500.000 евра, колку што Европската комисија потрошила на превоз и хотелско сместување во јануари и февруари 2016 година.


Највпечатливото откритие е износот на парите потрошени од Могерини и нејзината придружба да летаат во главниот град на Азербејџан, Баку, на самитот на крајот од февруари.

Целокупните трошоци на мисијата надминале 75.000 евра, покажуваат документите што беа откриени.

Таа побарала 96.091 евро за патни трошоци во текот на двомесечниот период, кој е детално разгледан во извештајот.

Датум на објава: четврток, 10 август 2017 во 13:00
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар