Имено, додека не го запознала францускиот милијардер Франсоа Хенри Пинаулт (54) глумицата имала сосема поинакви приоритети и погледи на животот.

Меѓутоа, со венчавката во 2007 година се се променило во нејзиниот живот.

- Пред да се запознаеме одлучив дека не сакам брак и деца. Хенри навистина ме промени, си припомнила Салма низ насмевка.

Потсетуваме, глумицата во бракот со Франсоа роди ќерка Валентина, која оваа година наполни 10 години.

Франсоа инаку освен по своето големо богатство е познат и по тоа што во 2011 година се откажа од својот тогаш 5-годишен син, кој го доби со поранешниот супермодел Линда Евангелиста.



коментари

остави коментар