За луксузното патување , кое требало да трае 104 дена околу светот , патниците платиле 50 илјади евра. Но, на патот од Сиднеј кон Дубаи капетанот им наредил на патниците да се скријат во кабините , потоа ги изгаснале светлата и бродот пловел се до Дубаи  во целосна темнина .

Капетанот Џенаро Арма им рекол на патниците дека бродот ќе биде нападнат од сомалиски гусари во Индискиот океан.

Како што јавува британски Телеграф , патниците биле во паника , а не помогнало ниту обраќањето на капетанот . Дел од нив сведочат дека го виделе капетанот видно исплашен и тогаш поверувале оти постои реална можност од напад на пирати.

Екипажот на бродот на неколку пати имал вежби во случај на напад. Додека траеле вежбите , патниците морале да седат заклучени во своите кабини .

Бродот конечно по 10 дена пристигнал до Дубаи , но расположението на патниците било очајно.

Датум на објава: среда, 09 август 2017 во 17:54
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 18:23

коментари

остави коментар