За текот на натпреварот Мурињо истакна:

- Голот е од офсајд, можеби резултатот на крајот ќе беше поинаков ако беше 0:0 на полувреме. Средината на Реал Мадрид е одлична, начинот на кој ја движат топката прави да му биде тешко на противникот. Потоа во вториот дел имавме и противигра, а имавме и шанси на 2:1 да постигнеме и втор гол, но Рашфорд не реализираше. Можеби со Реал Мадрид пак ќе играме во групата од Лигата на шампионите. Во секој случај искуството е одлично за тимот, сега не очекува стартот на Премиер лигата, изјави Мурињо.

Тој на прес конференцијата го образложи потегот медалот да го предаде на едно момче од трибините.

- Се случува и кога ќе победам да не ги чувам медалите, а замислете кога губам. За тоа дете медалот е како месечината, беше во дрес на Манчестер Јунајтед и не знам од каде доаѓа.

Во првото коло од Премиер лигата Манчестер Јунајтед на домашен терен игра против екипата на Вест Хем во недела./МИА

коментари

остави коментар