За среќа, возачот на лондонскиот даблдекер успеал да ја избегне, а мажот продолжил да трча како ништо да не се случило.

На снимката на безбедносните камери се гледа маж кој трча преку мостот по левата страна на пешачкиот дел, а потоа тргнува кон жена која, при разминувањето ја удира со рамото и ја отфрла на улица.

„Благодарејќи на извонредните рефлекси на возачот, возилото не ја удри“ – изјави наредникот Мат Ноулс.

Полицијата соопшти дека жената 15-тина минути подоцна го видела мажот како со трчање се враќа преку мостот, но и “покрај обидите не успеала да разговара со него“.

Датум на објава: вторник, 08 август 2017 во 16:00
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 16:33

коментари

остави коментар