Педесетгодишната пејачка објави дванаесет минутно видео на својата официјална Фејсбук страница во кое на фановите им изјави дека е препуштена сама на себе веќе две години бидејќи “на нејзиното семејство во Ирска не им е грижа“.

„Се надевам дека ова видео помогна. Не на мене, туку на фактот што сум само една од милион луѓе кои исто како јас, кој немаат ресурси кои јас ги имам во торбата и срцето да си помогнат себе си. Јас моментално живеам во хотел на самиот крај на Њу Џерси. Препуштена сама на себе. Не постои никој во мојот живот освен мојот доктор, психијатар, најпрекрасниот човек на Земјата кои изјави дека сум негов херој – а тоа е единствено нешто што ме одржува во живот, фактот што сум негов херој е прилично патетично. Менталната болест е како дрога – не интересира кој сте. А знаете што е најлошо? Ни срамотата не ја интересира кој сте.

Пејачката објасни дека имала три ментални болести и дека чекала семејството да и помогне и да ја однесе дома.

„Деца мои, дали вас ви е прифатливо вашата мајка да живее во хотел? Зарем не сум вредна за борба? Џон Рејнолдс, јас сум мајката на твоите деца, се што имав ти дадов...Да ти пишав неколку бесни меилови и глупости по Фејсбук, па што? – изјави и додаде дека две години нејзиниот живот се врти околу тоа да остане во живот.



Датум на објава: вторник, 08 август 2017 во 11:11
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 11:17

коментари

остави коментар