Буркини е костим за капење кој го покрива целото тело и стана предмет на бурна расправа после забраната за носење на плажа, која следуваше после терористичките напади минатата година.

Францускиот суд ја отфрли забраната за буркините, поради што полицијата патролираше по плажите за да ги протера мислиманките или да им наплати казни.

Организацијата за борба против исламофовијата „CCIG” објави дека еден од вработените во туристички објект ги замолил гостите да го напуштат базенот бидејќи една жена позната под името Фадила се капела во него во буркини.

Управата на одморалиштето потоа го повикала нејзиниот сопруг и го замолила до крајот на престојот Фадила да не го користи базенот. Им доставиле и сметка за чистење од 440 фунти.

Фадила изјавила дека е “разочарана, шокирана и повредена од фактот што некој може толку да полуди поради буркините“.

Датум на објава: вторник, 08 август 2017 во 09:42
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 10:32

коментари

остави коментар