Нејзините сограѓани од Германија за „Раша тудеј“ изјавија дека тинејџерката заслужува “втора шанса“ и изразиле загриженост поради радикализацијата на младите.

На снимката се гледа уплашена и расплакана тинејџерка која на улица ја водат ирачките војници.

Линда Вензел, позната како “џихади невеста“ фатена е во јули во Мосул и сега се наоѓа во ирачки затвор.

Се соочува со потенцијална смртна казна поради приклучување на терористичка група.

Линда е од мал германски град во близина на Дрезден. Преминала во ислам кога имала 15 години, заминала во Ирак, а таму наводно се венчала со чеченски борец на ИД.

Сега изјавува дека сака да се врати во Германија и жали поради својата одлука да им се приклучи на терористите.

Во моментов околу 900 Германци се борат во Ирак и Сирија, а една петина од нив се жени.

Датум на објава: вторник, 08 август 2017 во 09:31
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 09:32

коментари

остави коментар