Рускиот милијардер и сопственик на фудбалскиот клуб „Челзи“, Роман Абрамович, се разведе од својата трета сопруга Даша Жукова со која беа во брак десет години . 

Во заедничката изјава за јавност велат дека и понатаму ќе останат блиски пријатели.
„Заеднички ќе работиме како коосновачи на Музејот за современа уметност „Гараж“ во Москва, како и во Културниот центар „Островот на Нова Холандија“ во Сент Петербург“, се вели во соопштението.

Абрамович и Жукова, која е 15 години помлада од него, се запознале во 2005 година, додека тој беше во брак. Тајно се венчаа пред десет години. Имаат две деца, син и ќерка.

Жукова била богата и пред да се омажи со Абрамович, како ќерка на руски магнат за нафта.

Абрамович на втората сопруга ѝ исплатил 200 милиони по разводот.

Датум на објава: понеделник, 07 август 2017 во 21:59
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар