Вели дека Битола е многу интересен град за фотографирање, но не само заради архитектурата туку пред се заради луѓето. Според него најдобрите фотографии настануваат кога луѓето не знаат дека некој ги фотографира.

Посочува дека преку фотографиите ќе остане забележан и начинот на живеење во актуелното време кој веројатно ќе биде интересен за идните генерации.

Брачиќ е член на Фото сојузите на Македонија и Србија. Зад себе има 60-тина домашни и меѓународни изложби, а во моментов го подготвува своето најново фотографско претставување во Битола.

Датум на објава: недела, 06 август 2017 во 14:29
Анета Шијакова
Обновено во: 14:51

коментари

остави коментар