Така е секој ден, речиси еден век, минат во целосна изолација, 300 километри од најблиското населено место, се до неодамна, кога руските власти ја открија и ја посетија најосамената жена на светот.

Оваа 70-годишна старица веќе 40 години живее сама, броејќи ги суровите сибирски зими, оставена на милоста на непредвидливата природа.

 -Најчесто јадам компири. Порано собиравме и по 150 гајби. Неретко јадевме и корени од растенија или малини за појадок, кои ги стававме во леб, вели Агафија Ликова.

Приказната на Агафија почнува во 1934-тата година, кога таа не била ниту родена.  Соочено со репресијата на Сталин и радикалните реформи во руската црква, нејзиното семејство бега во непристапните предели на Сибир, останувајќи верно на старите православни принципи. Агафија е најмалата од четирите деца. Од 6-членото семејство, само таа успева да ја преживее фаталната 80-та година, во која како што вели, зимата траела 9 месеци, а таа дури морала да си ги изеде кожните чевли за да преживее. Не знае ништо за Втората светска војна, за даноци, лекови или технологија.

-Дали ми недостига цивилизацијата? Воопшто. Знам дека таму има многу возила, чад и гасови. Таму нема воздух за дишење, вели Агафија.

Семејството прв пат било забележано во 1978-та од група геолози, кога таа прв пат доаѓа во контакт со непознати луѓе. Од тогаш единствено друштво и се мачките, старата библија и совршениот мир, поради кои како што вели, нема причина да го напушти својот свет. 

Датум на објава: недела, 06 август 2017 во 14:07
Гоце Герасимовски
Обновено во: 14:27

коментари

остави коментар