Кога ја забележале несекојдневната глетка, полициските службеници го сопреле возачот на малото Твинго кој на својот кров од автомобилот пренесувал два големи столбови за улично осветлување.

Со проверката е установено дека возачката дозвола му истекла кон крајот на минатата година, а автомобилот не бил осигурен.

Освен тоа, возачот одбил алкотест, а претходно ставил гориво на бензинска пумпа без да ја плати сметката.

Полицијата го испитала, а кога ги признал сите прекршоци, лишен е од слобода и некое време ќе помине зад решетки.


Датум на објава: недела, 06 август 2017 во 10:00
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 10:39

коментари

остави коментар