Според информација на весникот, 51-годишната пејачка на улогата на Миранда може да ја добие поддршката на либералните политички сили.

Во 2013-та, таа учествуваше во изборниот штаб на актуелниот градоначалник на Њујорк, Бил де Блазио.

„Таа е нестандардна кандидатка со широки можности, која ќе ги инспирира луѓето”, вели директорот на Унијата за квалитетно образование (Alliance for Quality Education) Бил Јистон.

Други можни кандидати за функцијата се градоначалникот на град Сиракуз Стефани Мајнер и поранешниот сенатор Тери Гибсон.

Сегашниот гувернер на државата Ендрју Куомо планира да се кандидира за трет мандат.

Датум на објава: сабота, 05 август 2017 во 17:24
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар