Амина е родена 12 февруари 1995 година во Махачкала, главниот град на федеративната единица Дагестан, република во составот на Руската Федерација.

Амина зборува англиски, германски, француски и руски јазик, а пораснала во австрискиот град Блуденц, каде завршила гимназија. Висока е 175 сантиметри.




Таа сега живее во Виена и е амбасадор за инграција на огранизацијата „Zusammen Osterreich“, која им помага на децата мигранти во училиштата и австриското друштво.

Убавата бринета цел живот се занимава и со џудо,  спорт во кој има освоено и неколку медали. 

Датум на објава: четврток, 03 август 2017 во 11:22
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар