Овие денови Охрид е центар на светски музички збиднувања.

Стартува вториот фестивал  „Ohrid Calling“. 

Вечерва и утре на спортскиот центар „Билјанини извори“  ќе настапат светски познатите диџеи AFROJACK и HARDWELL , а на 4 ти август легендарната група “Бјело Дугме“.

Деновиве се очекува главниот туристички центар да се исполни до последно место, бидејќи за настаните  се продадени карти во повеќе  европски земји.

- Прво Охрид е позициониран на европската фестивалска мапа како град со многу сериозен фестивал Фестивал со светла иднина, значи второво издание веќе го докажува тоа. Од друга страна  знаеме каков беше интересот за сите три концерти лани тоа ги оправда нашите очекувања, вели Ѓоко Апостолов раководител на Секторот за туризам.

Покрај странците кои изминативе години беа најбројни, ова лето забележително е зголемен бројот на млади луѓе од земјава.

-Најмногу ми се допаѓа времето ,луѓето и секако храната, вели една гостинка.

-Многу ми се допаѓа тука храна луѓето се е убаво би сакал повторно да дојдам, вели едно момче од Холандија.

-Многу убав град, а има и доста попусти ми се допаѓа. Вели едно девојче од странство.

Богата културна понуда со врвни уметници  има  и на фестивалот Охридско лето.

Датум на објава: вторник, 01 август 2017 во 11:43
Соња Рилковска
Обновено во: 12:57

коментари

остави коментар