Нашите млади ракометарки предводени од селекторката Јулијана Дамчевска денеска ќе го има својот прв настап и тоа дуел против нашиот јужен сосед Грција.

Средбата, Македонија – Грција ќе се игра во терминот од 17 часот, а е втората од денешната програма во А групата, во која претходно (15 часот) ќе играат Фарски Острови – Полска.

Двојките во Б групата се: Израел – Бугарија и Косово – Словенија.

На вчера одиграните средби беа постигнати овие резултати.
А група: Полска - Грција 28-24 и Швајцарија - Фарски Острови 28-22. Слободна беше Македонија.
Б група: Словенија - Израел 28-24 и Исланд – Косово 25-26. Слободна беше Бугарија./МИА

коментари

остави коментар