Според пишувањето на „Мирор“, Даниел Крег би можел на брегот на Дубровник да се бори против негативец кој е слеп.

„Shatterhand” е јубилејниот 25 филм по ред за агентот 007. Иако Крег пред две години изјави дека веќе нема да го глуми Бонд, неодамнешните извештаи покажуваат дека актерот сепак ќе ја задржи легендарната улога.

Ова нема да биде прв пат филм за Бонд да се снима во Хрватска. Филмот „From Russia with love”, се снимаше 1963 година во Загреб и Белград, кога агентот 007 го глумеше легендарниот Шон Конери.

Датум на објава: понеделник, 31 јули 2017 во 13:21
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар