Оттаму одговараат и дека е извршено едно спогодбено преземање административен службеник од друг државен орган, со звање Помлад соработник што, посочува Министерството, не произведува финансиски импликации врз буџетот на Република Македонија. Во тек е и постапка за уште еден посебен советник – Советник за правни работи, на определено време.

- Воедно, потенцираме дека во 2006 година, вкупниот број вработени во Министерството за култура изнесувал 46 лица, додека на 1 јуни 2017 затекната е состојба од 162 вработени на неопределено време, не сметајќи ги ангажираните на договор за дело и другите ангажирани лица со високи хонорари или други парични надоместоци. Тоа значи дека во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, бројот на редовно вработени лица во Министерството за култура на Република Македонија бил зголемен за повеќе од 300 проценти, односно за трипати, пишува во соопштението на Министерството за култура. /МИА

Датум на објава: понеделник, 31 јули 2017 во 12:07
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар