Попладнево во натпреварот за 5.место  црвено жолтите немаа сили за уште еден подвиг и загубија од  Унгарија со 26:22  полувреме (14:11).

Избраниците на селекторот Илија Темелковски последниот натпревар на шампионатот го почнаа добро и до средина на првиот дел двете селекции се менуваа во водството.

Во финишот на полувреме4то  Унгарија прави серија  од 3-0 и на полувреме замина со 14-11 . Во вториот дел и покрај неколкуте обиди да го стигнат водството на противникот црвено жолтите немаа сили за  пресврт.

Најефикасни  во нашата репрезентација се  Марко Нелоски со 6 голови, а  Талески, Кузмановски и Танкоски постигнаа по четири погодоци, маестрален на голот беше Томовски со 18 одбрани. Кај Унгарците осум голови постигна Марк Ковач.

Во натпреварот за 7.место на шампионатот Тунис ја победи Русија со 36:21, а до крајот остануваат да се одиграат уште „малото финале“ меѓу Франција и Германија и финалето помеѓу Шпанија и Данска.

Датум на објава: недела, 30 јули 2017 во 16:20
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 16:38

коментари

остави коментар