Своите права ќе ги бараат кај народниотправобранител.

Според приведените, откако полицијата ги опоменала да се тргнат подалеку и да протестираат, тие тоа го сториле...

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, синоќа се огласи на социјалните мрежи.

„Сакам да ве информирам дека ќе бидат проверени сите информации за евентуална употреба на сила врз граѓаните кои протестирале. Детално ќе се испита случајот и ќе има соодветна информација за јавноста“, напиша Спасовски на својот фејсбук профил.

Министерството  категорично ги демантира сите наводи за приведување на лица во врска со посочениот настан. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди веќе постапува по налогот за детално истражување на полициското постапување при протестот на неколкумина граѓански активисти вчера по повод презентацијата на воена, медицинска и техничка опрема во Скопје. Доколку се утврди пречекорување на преземените полициски дејствија, тоа ќе биде соодветно санкционирано, стои во соопштението на Министерството за внатрешни работи.

Отворен ден за високи гости на вежбата Драгон Гардијан 17, денеска се одржува во Штип и Велес. Централната манифестација е утре на Криволак каде ќе биде извршена демонстрација на армискиот полигон Криволак.  Ќе присуствува владиниот врв и амбасадорот Џес Бејли, соопштуваат од министерството за одбрана. 


Датум на објава: недела, 30 јули 2017 во 14:55
Катерина Капкоска
Обновено во: 15:01

коментари

остави коментар