На првата позиција на листата на славни личности со најголема заработка во забавната индустрија за 2017 година е американскиот рапер  Џон Џон Комбс или популарниот Паф Деди. Тој од јуни 2016 до јуни 2017 година заработил , ни помалку ни повеќе туку 130 милиони долари.



На второто место со заработка од 105 милиони долари е поп дивата Бијонсе.



Славната британска писателка, Џоан Роулинг, авторката на легендарната  книга за „Хари Потер“ изминатите 365 дена ги завршила со заработка од 95 милиони долари.



Раперот од Канада Дрејк е на четвртата позиција според заработеното со 94 милиони долари.



Листата на „Форбс“ на пет славни личности со најголема заработка ја затвора фудбалската ѕвезда на Реал Мадрид, Португалецот Кристијано Роналдо со заработени 92 милиони евра, доволни за петата позиција.  

На листат за 2017 година на магазинот „Форбс“ се наоѓаат сто познати личности од 21 земја со заеднички приход од 5,1 милијарди долари. 

Датум на објава: сабота, 29 јули 2017 во 11:30
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 14:00

коментари

остави коментар