- По поминати 2.300 километри се наоѓаме на територијата на РМ по долгите напорни мршеви стигнавме до завршниот дел од вежбата. Ова не значи дека завршува понатамошната соработка со Армијата на САД. Продолжуваме да соработуваме на армискиот полигон Криволак во доменот на инженерскиот дел, медицинската поддршка, абхо обука и подготвителни гаѓања, изјави на мајор Ласте Ѓорѓиев по пристигнувањето на конвоите.

Посочи дека на вежбата со американските војници размениле многу искуства во доменот на инженеријата, во Унгарија учествувале во поправка на патишта, а во Романија изработувале премин преку река.

Марк Хајм, заменик командант на инженерскиот ескадрон на Војската на САД кој учествува во вежбата, рече дека се возбудени што по поминати преку 2000 километри, пристигнаа во Македонија.

- Ова ни е прилика не само да тренираме со партнерите, туку и да ја демонстрираме нашата подготвеност и да го зајакнеме нашето партнерство, изјави Хајм.

Конвојот од Деве Баир продолжи кон Куманово каде што и официјално ќе биде означен почетокот на вежбата која ќе се одвива на Армискиот полигон „Криволак“ како и во неколку градови во Македонија, при што ќе бидат презентирани и дел од борбените возила на ВС на САД.

Утре и задутре, во рамки на цивилно-воената соработка, возилата ќе бидат презентирани во Скопје, Штип и Велес при што преку интеракција со локалното населенија покрај презентацијата ќе се реализираат фитнес сесии како и детски натпревари. На 31 автуст на Криволак ќе се одржи отворен Ден за високи гости и медиуми. На 3 и 4 август продолжуваат активностите со цивилно воената соработка во Струмица и Струга каде покрај презентацијата на опремата ќе се одржи и фудбалски натпревар помеѓи припадниците од двете армии со локален клуб.

На полигонот „Криволак“ денеска ќе започнат и заедничките активности на двете армии на која АРМ со 95 припадници ќе ја прикаже подготвеноста во одговор на сценариото подготвено за вежбата. Прва активност ќе биде изработката Полетна-слетна патека (ПСП) за беспилотни летала во должина од 300 и широка 30 метри. ПСП ќе биде изработена по сите стандарди на американската војска, а ќе остане во користење на АРМ. За време на вежбата инженерците ќе расчистуваат патишта од импровизирани експлозивни направи, а АБХО единиците ќе увежбуваат заштита од атомско оружје и начинот на деконтаминација. Последна активност ќе биде запознавање со личните вооружувања на двете армии при што ќе бидат изведени и боеви гаѓања.

Вежбата е наменета за поддршка на целите за обука за зајакнување на стандардните оперативни процедури на инженерските и АБХО единиците од составот на АРМ, како и унапредување на заемното разбирање меѓу АРМ и ВС на САД. /МИА

Датум на објава: петок, 28 јули 2017 во 13:41
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар