Ѕвездата на серијата „Сексот и градот“, Сара Џесика Паркер моментално престојува во Њујорк каде го снима филмот „Најдобриот ден од мојот живот“.



Во паузата меѓу снимањата, актерката се решила да прошета по главните градски улици, каде била фотографирана од папараците.



Набргу сликите беа објавени на интернет, а нејзините најголеми обожаватели останаа изненадени од изгледот на Сара.



Иако средена од глава до пети, актерката ја покажа својата многу пократка коса, како и лицето без грам шминка, кое делувашее уморно и надуено.

И додека некои наоѓаат оправдување во тоа дека едноставно е уморна, бидејќи снима напорни сценаи, другите се убедени дека ова е резултат од бројните естетски зафати кои ги направила.

Датум на објава: четврток, 27 јули 2017 во 16:38
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар