Таа беше во прегратките на нејзиното момче Алекс Родригез, а настанот беше малку необичен, бидејќи двојката одлучи да ги спои родендените во еден.



Џенифер и Алекс повикаа роднини и пријатели во Мајами, а највеќе внимание привлече роденденската торта.

Пејачката и безбол играчот ја зацврстија својата врска во последниве месеци, откако во почетокот беа претпазливи за односите и ретко можеа да бидат пресретнати заедно. Сега Џеј Ло не престанува да го фали својот партнер.



„Тој е дарежлив со семејството, со пријателите, со мене. Тој е грижлив и сладок, способен на многу и одговорен и воопшто сите прекрасни нешта кои може да биде еден маж “, категорична е пејачката.

На двојниот празник Џеј Ло беше облечена во секси црн фустан, кој ѝ ги нагласува сите облини, а Алекс пак избра син костум.

Датум на објава: среда, 26 јули 2017 во 10:43
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 16:22

коментари

остави коментар