Според шпанските медиуми Кристијано наскоро би можел да тргне по стапките на својот голем ривал од Барселона , Лионел Меси, кој неодамна стапи во брак со долгогодишната партнерка  Антонела Рокузо.

Дека бракот  меѓу капитенот на Португалија и убавата Георгина е многу блиску покажува  и активноста на младата Родригез на социјалните мрежи.
Георгина  веќе ги следи профилите на најелитните продавници за венчаници . Во прилог на нивниот  скорешен брак оди и фактот што Георгина е бремена и очекува дете со Роналдо.

Георгина инаку е првата жена со која Кристијано одлучил да создаде потомство, што е јасен сигнал дека нивната врска е многу поразлична од сите претходни на славниот фудбалер.

Кристијано Роналдо инаку  досега  бил поврзуван со многу убавици, но секако најпознати меѓу неговите екс девојки се  англиските модели Алис Гудвин и Џема Еткинсон. Секако  јавноста не ја заборава и неговата петгодишна романска со рускиот модел Ирина Шајк.

Кристијано и Георгина инаку за прв пат се „фатени“ заедно во 2016 година во Дизниленд во Париз.

Датум на објава: петок, 21 јули 2017 во 10:43
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар