Со традиционалното пресекување на црвената лента од директорот за односи со јавноста на Пивара Скопје, Ламбро Патче и градоначалникот на Штип Илчо Захариев, Пивара Скопје го означи продолжувањето на проектот чиј донатор е со компанијата Кока Кола.

Проект, стартуван минатата година, кога во пет различни градови беа отворени исто толку активни рекреативни зони. На повеќе фитнес справи, граѓаните од сите возрасти ќе можат да спортуваат, што ја потврдува иницијативата на донаторите за промоција на спортот и рекреацијата, но и поддршката што ја даваат за добробит на заедницата.

Интенција на Пивара Скопје и компанијата Кока Кола, е, овој проект да прерасне во традиција, а вакви зони да има во сите градови во Македонија. Впрочем, пројавениот голем интерес на штипјани покажан попладнево, да рекреираат  е најдобра потврда. Како дел од глобалната платформа за граѓаните да водат здрав живот, Пивара Скопје и Кока Кола изминатиот период реализираа повеќе проекти како Кока Кола фудбалски куп – отворањето на пет бесплатни паркиралишта за велосипеди во Скопје .

- Целта на проектот е да промовираме активен живот и здрави животни навики. Ова е донација на Пивара Скопје и компанијата Кока Кола, и ни преставува задоволство на сите граѓани да им дадеме едно место, каде сите ќе можат да вежбаат, ќе може да другаруваат, и на крајот од денот да рекреираат, бидејки тоа е и суштината на проектот, изјави Ламбро Патче, директор за односи со јавноста во Пивара Скопје.

-  Токму овде каде е почетокот на пешачката патека кон населбата Балканска, е поставена новата Фитнес зона, благодарение на донаторите Пивара Скопје и компанијата Кока Кола. Ова е Фитнес парк со шест справи, каде ќе може да спортуваат спортистите и сите граѓани од сите возрасти. Убеден сум дека ова ке биде едно од најпосетените места во Штип, како што е шесткилометарската пешачка патека долж коритото на реката Брегалница. Ова е идеално место за оддржување на физичкото и ментално здравје, објасни Илчо Захариев,  градоначалник на Општина Штип. 

Датум на објава: понеделник, 17 јули 2017 во 21:46
Дејан Ефремов
Обновено во: 21:46

коментари

остави коментар