Истовремено во соопштението од Фестивалот „Охридско лето“ се наведува дека наместо во предвидениот термин од 22:30, почетокот на претставата е презакажан за од 21 часот.

Одлуката за преместување на местото на изведбата на претставата „Име“ е донесена поради временски неприлики невообичаени за овој период од годината, ниските температури, ветерот и можноста за врнежи од дожд.

Инаку на програмата на 57-то издание на „Охридско лето“покрај театарската претстава за утре е предвиден и солистички концерт на италијанскиот виолинист Франческо Дорацио, што ќе се одржи на сцената во Катедралната црква „Света Софија“ по почеток од 20:30 часот. /МИА

Датум на објава: понеделник, 17 јули 2017 во 16:30
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар