Најсериозно беше во местото Луштице  каде што беа евакуирани туристите и мештаните. Утринава гореше и на Понта Весло.

„Пожарот изби по 3 часот и 30 минути луѓето се исплашија и со кајчиња се оддалечија од брегот и таму чекаа помош“ – изјави еден од очевидците.

Ги евакуиравме луѓето од Беговичи пожарот ја зафати боровата шума ќе се обидеме да ги спасиме и куките но ќе биде многу тешко – изјави еден од пожарникарите кои учествуваше во гасење на пожарот.

Изгоре и Голо Брдо над Суто Море – пожарникарите успеаја да ги спасат куќите, црквата и објектите што се наоѓаа во подножјето, но изгоре целата борова шума.

„Пожарот зафати висока трева која поради ветрот брзо се ширеше и имаше опасност да ги зафати и објектите кои се во подножјето на голо брдо, црквата. успеавме да ги спасиме сите куќи но пожарот се прошири кон боровата шума. Многу ми е жал што целосно ќе изгоре оваа шума стара стотини години. Сите екипи се на терен помош имаме помош од Будва и Петровец. Ситуацијата се уште е ризична поради ветрот огнот повторно распламтува па ги преместуваме екипите од едно на друго место“ – изјави еден од пожарникарите .

„Дадов наредба превентивно  да се евакуираат туристите од Бигово – таму има викендички, бидејќи очекуваме  северен ветер“ - изјави Максим Мандиќ началник служба за заштита на Котор.

Во регионот на Подгорица, исто така, избија неколку пожари, чијшто број до достигна 33.

Синоќа,  изгоре големо складише со површина од околу илјада квадратни метри, каде што е направена материјална штета од околу два милиона евра.

И во Херцеговина гори – огнот се шири меѓу градовите Љубине и Требиње и пожарникарите се обидуваат да го спречат ширењето на огнот  преку магистралниот пат.

Ситуацијата се менува секоја минута – утринава тоа беше обичен пожар но поради ветрот сега се претвори во стихија и има опфатено површина поголема од 30 километри.

Десетици пожари беснеат во хрватска - опасно денеска беше во близина на Шибеник во местото Бродарици, каде огнот се закануваше да стигне и до куките и според мештаните брзо се ширел. Во гаснењето на пожарот учествуваа 60 пожарникари а помагаа и мештаните и туристите.

Пожар имаше и на островот Паг каде во гаснењето беа вклучени и канадери.

Пожари имаше и низ јадранската магистрала во сплит и во Задар, на Хвар .
Гаснењето на огнот е отежанто бидејќи силниот ветрот не дозволува да се вклучат хеликоптери кои би помогнале во гаснењето на огнот.

Во гаснењето помагаат и мештаните и туристите – а на оние кои се евакуирани им се нуди бесплатно сметување во хотели и приватни апартмани.

Неколку пожарникари се повредени, но засега нема информации за жртви во огромните пожари кои беснеат во регионот .


Датум на објава: понеделник, 17 јули 2017 во 15:08
Соња Поповска Петрушевска
Обновено во: 15:18

коментари

остави коментар