Зголемување на комуникацијата и организацијата, се нивните совети.

Како дополнителен ризик, вицепремиерот за економски прашања го гледа и трансферот на владеење и недостигот на претприемачки дух кај младите.

Трет повик за странски експерти во домашни компании. бизнисмените бараат продолжување на времетраењето на проектот како и на можноста за соодветен избор на странски експерти кои би се реализирал преку поголема интеракција на домашните со странските компании.

Владата ќе стои позади секоја мерка која ќе ја подобри бизнис климата. За министрите Ќамил и Шапуриќ земјава е погоден центар за трговија.

78 проценти од учесниците се задоволни, а дури 90 проценти повторно би учествувале.

Вицепремиерот Анѓушев истакна дека Владата го оценила овој проект со оцена 4,55 и воедно потенцираше дека приоритет на новата Влада е да ги изедначи домашните компании со странските во делот на субвенционирање.  Анѓушев апелираше компаниите да се вклучат во проектот чие аплицирање трае до 29ти јули.

Датум на објава: понеделник, 17 јули 2017 во 14:53
Катерина Капкоска
Обновено во: 15:08

коментари

остави коментар