Фановите на фудбалските гиганти негодуваат на откажаните резервации – хотелите се образложувале со поплави. Дел од фановите се сомневаат дека ваквите образложенија, хотелиерите ги нудат за да можат собите да ги изнајмат поскапи на преостанатите гости.

Од здружението за угостителство и хотелиерство велат дека цените ги определува пазарот, ингиренциите не биле кај нив. Оттаму додаваат – не е исклучена можноста корекација на цената.

Директорот на државната пазарна инспекција Виктор Дерманџиев, не ни даде изјава бидејќи бил на одмор. Но, вели до нив нема стасано поплаки од туристите кои ќе дојдат за време на Супер купот. Демарџиев објаснува странците поплаките да ги праќаат во македонската пазарна инспекција.

За познавачите на хотелиерските услуги резервација не се откажува.

Канал 5 упати прашање до министерството за економија под чија капа е туризмот. Како ќе постапи ресорот по лавината реакции на фановите. Одговор ќе ни пратат преку меил, бидејќи се на службено патување.

Неодамна Управата за јавни приходи најави строги контроли за време на Супер купот. Оттаму е констатирано низа нерегуларности со издавање на стари фискални сметки.

Во меѓувреме, за три недели светскиот спектакл треба да се одржи во македонската арена. На Супер купот ќе се соочат наголемите фудбалски гиганти – Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид. 


Датум на објава: понеделник, 17 јули 2017 во 14:51
Игор Стефановски
Обновено во: 19:16

коментари

остави коментар