Но, неофицијално додаваат дека сепак се е можно бидејќи уставната одредба која гласи Собранието е во постојано заседание му дозволува на спикерот да определи време за свикување на седница  и додека трае расправата за ребалансот на буџетот. Но во термин кога таа ќе заврши.

Тоа значи дека седница може да биде свикана и по 18 часот  и  да  траат до доцна во ноќта или пак да ги свика пратениците на своите работни места и за време на викендот. Тоа се случи за време на викендов кога Џафери свика седница во еден часот по полноќ.

Инаку , народните избраници во наредните петнаесет дена ќе бидат ангажирани околу носењето на буџетот. Веќе од трети август тие ќе заминат  на колективен летен одмор.

Во образложените на Владата до Собранието стои дека  бара  разрешување на јавниот обвинител пред истекот на мандатот поради незаконито, ненавремено и недоволно стручно  вршење на функцијата, но и поради ненавремено покренување на кривични постапки за случаи предвидени со закон.

Во медиумите се шпекулираше дека доколку Зврлевски биде разрешен  функцијата до изборот на новиот обвинител ќе ја извршува неговиот заемник Џелал Бајрами. 

Датум на објава: понеделник, 17 јули 2017 во 13:45
Весна Велкова Тодоровска
Обновено во: 13:55

коментари

остави коментар