Жалбите на обвинетите се одбиени како неосновани и согласно тоа без пасош остануваат поранешниот вицепремиер за економски прашања Владимир Пешевски, уредникот на телевизија Сител, Драган Павловиќ - Латас и неговите двајца браќа Звездан и Срѓан Павловиќ и поранешниот директор на јавното претпријатие за државни патишта Љупчо Георгиевски. Без пасош остануваат уште петмина обвинети во случаи покренати од СЈО.

Претходно, беше одбиена и жалбата на новинарката Ивона Талевска, како и на обвинетите во случајот „Тортура“ меѓу кои е поранешниот началник на Алфите Ивица Анчевски – Пуки и уште четворица полицајци-алфи.

Датум на објава: понеделник, 17 јули 2017 во 12:20
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар