Репортерката на оваа телевизија јави дека пожарникарите се обидуваат да ги спасат куќите и луѓето, и дека од три часот изутрина, кога избувнал пожарот, евакуирани се повеќе од 100 лица, додека 20-тина, главно мештани, не сакаат да ги напуштат своите домови.

Ситуацијата според зборовите на очевидците е многу сериозна, луѓето скокале во море и бегале од пожарот и во вода чекале помош околу еден час. Спасувачките екипи со чамци ги пренесле загрозените во Домот за здравје во Херцег Нови.




Според неофицијални информации, нема повредени.

„Пожарот има две жаришта, пожарникарите се уште не успеаја да ги локализираат“ – соопшти портпаролот на полицијата во Тиват.

Датум на објава: понеделник, 17 јули 2017 во 12:12
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 12:16

коментари

остави коментар