Според 95 отсто обработени ливчиња, 98 отсто од гласачите се изјасниле против предлогот на Мадуро за свикување на Конститутивно собрание, кое според неговите ривали има за цел „консолидација на диктатурата“.

Опозицијата тврди дека за време на вчерашното гласање припадници на вооружените банди убиле шест лица во Каракас.

За Мадуро референдумот е илегален и безначаен и се залага за официјален референдум на 30 јули за формирање на нов Парламент, кој ќе овозможи уставни измени.

Гласачите на рефернедумот одговараа на три прашања: дали се против Конститутивното собрание, дали сакаат вооружените сили да го бранат постоечкиот Устав и дали сакаат избори пред истекот на мандатот на Мадуро во 2018 година.

Во Венецуела живеат околу 31,1 милиони луѓе.

Датум на објава: понеделник, 17 јули 2017 во 10:08
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 12:03

коментари

остави коментар