„Целта на средбата, која следи по посетата на Нимиц на Македонија на почетокот на јули, е да се дискутира за пронаоѓање можност за напредок во преговорите за спорот за името“, изјави Стефан Дужарик – портпарол на генералниот секретар на Обединетите нации.

Грчкиот министер за надворешни работи во пресрет на состанокот не ги прецизираше конкретно грчките позиции.

Тој во интервју за грчката телевизија „Антена“ порача дека главен услов за какво и да е поместување останува Скопје да се откаже од како што вели иредентизмот, кој не смее да се рашири низ Балканот.

Коѕиас тврди дека досега Македонија не била подготвена за решение.

Датум на објава: понеделник, 17 јули 2017 во 09:37
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар