Популарната Суперјахта до 2014 година беше во сосптвеност на газдата на англискиот премиерлигаш Челзи, рускиот милијардер Роман Абрамович., кој јахтата во април во 2014 година за фантастични 360 милиони долари му ја продаде на сонародникот Фархаду Ахмедов.

Новиот сопственик веднаш потоа ја прати јахтата во германското бродоградилиште Бремерхавен на дополнително средување  вредно уште 50 милиони долари.

Супер јахтата инаку е долга 115 метри, широка 18 метри има два хелиодрома, отворена палуба која води до  базен, бар и платформа за пливање.
На големата палуба јахтата има затворен базен и посебна платформа за сончање. Располага исто така со десет ВИП кабини за гости со површина од по 100 квадратни метри. Надворешниот голем базен на јахтата е долг 20 метри. Грандиозната јахта носи 8 помошни чамци, мала подморница и посада која број 50 членови.

Јахтата инаку е изградена во 2009 година и во тоа време била втората најголема јахта на светот зад „Еклипса“.

Денеска Луна  која располага со анти-ракетен систем и има прозорци непробојни за куршуми и има систем за акустични топови според големината е 23 најголема јахта на светот.


Датум на објава: недела, 16 јули 2017 во 21:58
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 09:48

коментари

остави коментар