Ако сте далеку од плажа на море или езеро а надвор е 40 степени Целзиусови најдобро е да заминете на базен и да се спуштите низ тобоган, за малку да се разладите!

Тобоганот Инсано е оддалечен само 16 километри од градот Форталезе во Бразил . Изграден е во Бич Паркот и е најголемиот тобоган на светот. Оваа негова титула ја потврдија и од Гинисовата книга на рекорди.

Огромниот тобоган инаку е висок како и една зграда од 14 ката , односно има  точно 41 метар .

На овој тобоган ќе се спуштате во базенот со брзина од 100 километри на час . Од моментот на тргнување до моментот на влегување во базенот ќе ви се потребни само 4до 5 секунди.

Влезница за Бич паркот за возрасен чини 65 евра , за секое дете ќе треба да се издвои уште по 60 евра. 

Датум на објава: недела, 16 јули 2017 во 17:34
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 09:48

коментари

остави коментар