Ова денеска го соопштија градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски и претставници на угостителските објекти во Скопје.

Трајановски, како што информираат од неговиот кабинет, посочи дека станува збор за проект за организирање на голем број на забавни настани во петок и сабота, на повеќе локации во Скопје.

- „Супер Скопје“ ќе започне на 7 август, со отворањето на 10. јубилејно издание на Пиволенд. Како една од музичките атракции кои ќе настапат на скопскиот Пиволенд сакам да го најавам белградскиот состав С.А.Р.С. кои ќе настапи на 12 август во сабота. На 8 август во Скопје ќе се одржи фудбалскиот УЕФА Супер куп, настан од исклучително голема важност за Скопје и во рамките на овој настан ќе се одржат голем број на забавни и музички настани. Потоа на 18 и 19 август забава ќе се организира на Кејот 13 Ноември, на 25 и 26 август во Старата Скопска Чаршија, на 1 и 2 септември на улица Македонија и на 8 и 9 септември на Боемската улица во Дебар Маало, изјави Трајановски.

Програмата, посочи тој, е креирана во соработка и на предлог на сопствениците и менаџерите на угостителските објекти, кои најдобро се запознаени со музичките вкусови на посетителите на локалите.

Трајановски, исто така, најави дека ќе поднесе и иницијатива за овој период работното време на угостителските објекти и локали да се продолжи за еден час.

Проектот „Супер Скопје“ се организира во соработка и на барање на угостителите кои предложија вакви настани со цел заживување на Скопје, пред се во летниот период. Градот Скопје има намера овој проект да стане традиционален и да се организира секоја година. 



Датум на објава: недела, 16 јули 2017 во 14:29
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 15:04

коментари

остави коментар