Објаснувајќи ја својата замисла за ѕидот, Трамп пред новинарите изјавил дека не се шегува кога зборува за соларните панели , бидејќи со нив потенцијално би можеле да бидат покриени голем дел од трошците.

Контроверзниот американски претседател смета дека ѕидот мора да биде проѕирен  за да се види што се случува на другата страна,.

-Ќе ви дадам еден пример. Колку тоа и да звучи страшно, кога да речеме се фрлаат големи вреќи со дрога преку ѕидот и ако од другата страна се наоѓаат луѓе , а вие не ги гледате –тогаш на глава може да ви падне вреќа тешка 80 килограми и тогаш сте готови. Поради тоа е неопходно  да може да се гледа преку ѕидот колку тоа и да звучи чудно. Но, ние затоа имаме неколку одлични дизајни, појасни Доналд Трамп. 

Датум на објава: сабота, 15 јули 2017 во 17:29
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар