Светата тајна крштение ја примија со благослов на свештенството на Повардарската епархија .

Николина и Леон беа помеѓу  40тината верници кои се пријавија на групното крштевање во водите на реката Бабуна.

Пристигнаа од Скопје, Кичево, Кавадарци , но и од Драч од соседна Албанија.

Групната крштенка по 10 пат годинава ја организира Повардарската епархија.

Свештениците велат дека светата тајна крштение е најзначајниот чин  за влез во православната христијанска вера.

Според статистиките на групните крштенки досега светата тајна крштение ја примиле околу 400 верници , а бројот на некрстени велат свештениците континуирано се намалува.


Датум на објава: сабота, 15 јули 2017 во 16:18
Ана Милевска Ѓеоргиева
Обновено во: 16:59

коментари

остави коментар