- На првиот ден бевме на Чегет над 3.400 метри височина да се привикнеме, повеќе време на висина да седиме, потоа од Чегет се вративме со жичара идевме до Гарабаши над 3.800 метри, каде преспавме. Утредента излеговме на климатизација на 5.050 метри, се вративме во едно место над Гарабаши на 4.200, преспавме, одмаравме и ноќта на 27ми на полноќ започнавме со искачување кое траеше скоро 11 часа во еден правец.

Иако воопшто не било лесно да се борат со екстремните услови , сепак предизвикот и чувството да се гледа европското копно од птичја перспектива за  Томислав, Јован, Христофер и Јовица биле непроценливи.

-Не е лесно висината си го прави своето ниски температури, самиот воздух е проедок и потешко се дише, но сето тоа е предизвик. Тешкотии, главоболката беше честа, треба апчиња не треба нагло икачување, јас конкретно имав и проблеми со сите, јако сонце доста, а задоволството е неописливо, буквално врвот на светот.

По освојувањето на Елбрус, за Томислав Јовановски следниот предизвик е највисокиот врв на Алпите, Мон Блан. 

Датум на објава: сабота, 15 јули 2017 во 11:32
Снежа Петковска
Обновено во: 19:18

коментари

остави коментар