Во посебно уредени зони на кампот во кој ќе бидат сместени посетителите, организаторот ,,Пасворд продукција,, планира одржување на бројни панел дискусии, филмски проекции, работилници, предавања, мултимедиумски презентации и уште многу содржини поради кои фестивалот во Дојран станува магнет за младата популација.

- Како своевиден медиум кој ги промовира универзалните пораки за слобода, мир, заедништво и рамноправност секаде во светот, ваквите фестивали имаат посебно значење за културниот развој затоа што покрај славењето на музиката на ,,Д Фестивалот,, свое место наоѓаат сите уметнички творби,рече Катерина Цветковска од Пасворд продукција.

Датум на објава: петок, 14 јули 2017 во 20:03
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар