Истражувањето опфати 700 илјади луѓе од 46 земји во светот со помош на педометри во мобилните телефони .

Најмногу се движат граѓаните на Хонг Конг , кои дневно прават по 6 880 чекори, а по нив Кинезите со 6 189 чекори .

Жителите на Индонезија , кои се најмрзливи , направиле по 3 513 чекори .

Најподвижна нација во Европа се Украинците со 6 107 чекори пред Шпанија и Шведска.

Од податоците за земјите од нашето соседство , испитувани биле Грците , кои се во долниот дел на табелата во друштво со Египет и Обединетите Арапски Емирати .

Американците се позиционирани во мрзливите нации со 4 819 чекори дневно, веднаш зад Канада .

Професорот за биоинженерство , Скот Делп за ББЦ изјави дека станува збор за најобемна студија што го проучува движењето на луѓето .

Датум на објава: петок, 14 јули 2017 во 15:53
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 17:06

коментари

остави коментар