За нов вршител на должноста директор на Театарот за деца и млади е назначена Катарина Илиевска - Силјановска која доаѓа на местото на досегашниот директор Братислав Димитров, а за вршител на должноста на театарот „Комедија“ на местото на Јелена Жугиќ е назначена Мирјана Поповска - Ристов.

- Единствена цел на назначувањето на в.д директори е итно да се ослободат клучните институции, кои беа заробени од кадри што се под целосна контрола на Никола Груевски, кадри врз основа на кои се штимале систематизацијата и критериумите. Воедно, ве известуваме дека во најскоро време ќе биде предложена измена на Законот за државни службеници, со цел да се одблокираат институциите и да се обезбеди демократски трансфер на власта во сите ресори, се наведува во соопштението од Министерството за култура.

Оттаму посочуваат дека веднаш штом се исполнат законските услови низ отворен и транспарентен процес ќе бидат распишани конкурси и ќе се спроведат постапки за избор и именување на нови директори.

- Им честитаме на назначените вршители на должноста директори на овие институции, пред сè на нивната демонстрирана храброст да се зафатат за оваа мошне тешка, компликувана и одговорна задача, и да одговорат на сериозниот предизвик да се овозможат основни услови овие институции да ја вратат нивната функција и да бидат во служба на јавниот интерес и на сите граѓани подеднакво, се вели во соопштението. 

Датум на објава: петок, 14 јули 2017 во 15:45
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар