Американски и француски војници заедно маршираат по Елисејските Полиња , како сеќавање на 100 – годишнината од вклучувањето на Американците во Првата светска војна .

На парадата , покрај пешадијата учествува и авијацијата и коњицата на Француската војска . Претседателот Макрон најпрвин изврши смотра на единиците по што беше даден знак за почеток на парадата .

Претходно Трамп изјави дека овој настан ги обедини двете земји во борбата за слобода.

Попладнево Макрон во Ница ќе присуствува на комеморацијата за жртвите на терористичкиот напад пред две години кога терорист влета со камион во толпата народ кои го прославуваа Денот на независноста , при што загинаа 86 лица. 

Во Франција и натаму на сила е вонредната состојба поради опасност од терористички напади . 



Датум на објава: петок, 14 јули 2017 во 13:34
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар