Двајца мажи на 68 и 69-годишна возраст загинале додека се обидувале да го изгаснат огнот и да ги спасат куќите од огнената стихија.

Повеќе стотици луѓе се евакуирани, од кои најголем дел туристи во околината на Сицилија.

Според италијанските власти, пожарите, кои беснеат од средината на јуни досега уништиле 26 илјади хектари шума.

За период од еден месец пожарите причиниле штета колку во цела 2016-та.

И натаму е критично околу планината Везув каде пожарникарите се борат на три фронта и се обидуваат да спречат повеќе огнови да се спојат во еден.

Првичните анализи покажале дека најголем дел од пожарите се подметнати.

Датум на објава: петок, 14 јули 2017 во 10:20
Гоце Герасимовски

коментари

остави коментар